На 95-годишна возраст почина познатата филмска дива Џина Лолобриџида

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијанската актерка Џина Лолобриџида почина на 95-годишна возраст, објави во италијанската новинската агенција АНСА.

Лолобриџида се прослави во педесеттите години на минатиот век како медитерански секс симбол, а по повлекувањето од светот на филмот стана фотограф и скулптор.

Родена на 4 јули 1927 година во скромно семејство во малото село Субијако, во планинскиот регион Абруцо во централна Италија, Лолобриџида играше со најголемите светски актери, од Френк Синатра, Шон Конери, Марчело Мастројани до Хемфри Богарт.

По успешната кариера во Холивуд, таа се вратила во Италија и само повремено се појавуваше на филм и телевизија.

„Ла Лоло“ потоа се враќа на своите први уметнички љубови, фотографијата и скулптурата, на кои целосно им се посветила во раните осумдесетти.

Некои од нејзините најзабележителни филмови се: „Леб, љубов и соништа“, „Крал, кралица и слуга“, „Сервантес“, „Трапез“, „Царска Венера“, „Ѕвонарот од Нотр Дам“…

Share This Article