More

    Мицкоски: На 8 мај знаеме дека овој народ ќе каже ДОСТА е

    spot_img

    Црните кампањи на овие политичари против нивниот, нашиот народ не можат да им го исперат срамот, неработењето и криминалот. Тие се вистинското лице на СДСМ. Тие се вистинското лице на ДУИ. Е па имам една порака до овие политичари. Ви доаѓа крајот! Крајот ви е запишан со датум – 8 мај 2024 година, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната панел дискусија на тема „Претседател кој се грижи за одбраната и стратешките интереси на државата“ на партиската Конвенција за избор на кандидат за претседател.

    – На 8 мај знаеме дека овој народ ќе каже ДОСТА е. Ќе каже доста ни е од кражби, доста ни е од непостоење на систем, доста ни е од потценување. Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македоија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња – истакна Мицкоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img