На 50-годишна возраст денеска почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Сашко Костов

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 50-годишна возраст денеска почина поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Сашко Костов.

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10:30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание.

Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

Share This Article