На 48-годишна возраст, по долга и тешка битка со ракот, почина Џосара Џинаро, актерка позната на јавноста по улогата во серијата „Ургентен центар“, објави нејзиниот сопруг на официјалната страница на Фејсбук на актерката.
„Со голема тага објавувам дека мојата сопруга Џосара Џинаро почина на 27 април. Џосара храбро се бореше со ракот и се врати дома за да биде опкружена со своето семејство. Џосара беше неверојатна сопруга, мајка, уметник и пријателка. Имаше најубава, љубезна душа и не прифаќаше ‘не’ како одговор. Таа и во последните моменти се уште се мачеше. Таа сега почива во мир и ќе биде запаметена засекогаш. Мене, на Лиам и Емрис многу ќе ни недостига, иако знаеме дека таа е во нашите срца и не води на секој чекор“, се наведува во емотивната објава.
Џосара имаше богата и долга холивудска кариера. Таа глумела во различни телевизиски серии како што се „Ургентен центар“, „Judging Amy“, „Strong Medicine“ и други. Пораснала во Колумбија, по што се преселила во Америка.