Во Хрватска на 29 декември ќе се одржат претседателските избори, на кои ќе се натпреваруваат осум кандидати.
Според истражувањата на јавното мислење, најголеми шанси за победа има актуелниот претседател Зоран Милановиќ, поддржан од СДП. Неговиот најголем конкурент е кандидатот на десничарската ХДЗ, поранешниот министер Драган Приморац.
Иако јавноста го гледа Приморац во вториот круг, се смета дека нема капацитет да го загрози новиот мандат на Милановиќ. Кампањата се одвива во остар тон, а кандидатите разменуваат директни критики.
Покрај фаворитите, интерес предизвикуваат и другите кандидати, како успешниот бизнисмен Нико Токиќ Картело, кој емотивно го прослави собирањето на потребните потписи за кандидатура.