More

    На 24 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон треба да се одржи голем концерт „Live Aid“ за помош на Украина

    spot_img

    Според странските медиуми, на 24 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон треба да се одржи голем концерт „Live Aid“ за помош на Украина. Овој настан, како што наведува изворот на британскиот весник „Сан“, требало да биде поддршка за украинскиот народ, а целта е „да се изврши дополнителен притисок врз рускиот претседател Владимир Путин“.

    „Ова ќе биде голема работа. Ќе настапат најдобрите музичари популарни низ целиот свет. Тоа е нешто што луѓето сакаа да го направат веќе некое време, но сега ги одредивме времето и местото. Веќе ги  покани упативме поканите до најголемите музички ѕвезди, но свесни сме дека поради набиениот распоред и со ваквиот ненадеен повик, можеби нема да можат сите да дојдат“, изјавил анонимен извор, пренесува „Индекс.хр“.

    Наводно, покани добиле „Ролинг стоунс“, „ЈуТу“, „Флоренс енд д машин“ и други музички ѕвезди како Адел, Пол Макартни, Пинк, Ноел Галагер и други.

    „Ние сме оптимисти за овој концерт бидејќи многумина веќе се согласија да настапат. Ова ќе биде одлична можност за бендовите кои се политички активни и имаат антивоен став, како „ЈуТу“, дополнително да укажат на ситуацијата во Украина. Толку голем концерт секако може да изврши дополнителен притисок врз Русите и Путин“, рекол изворот.

    Потоа истакнал можен проблем.

    „Единствен проблем би можело да биде што Live Aid се поклопува со фестивалот Гластонбери, каде што ќе настапат многу големи имиња“, потенцирал овој соговорник.

    Како што пишува, „Live Aid“ наводно ќе биде сличен на оној во 1985 година, кога се собираа пари за гладните во Етиопија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img