На 18.11.2024 во 15.00 часот во СВР Битола, 36 – годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лица за сума од околу 1.000.000 денари.
Според пријавеното, од 03.09.2024 до пријавувањето имал комуникација со лицето преку различни телефонски броеви, при што бил упатуван во повеќе наврати да внесува парични средства во неговиот виртуелен паричник, при што во наведениот период преку една платформа внел околу 1.000.000 денари, кои веќе ги немало на неговата сметка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.