More

    На 10-тата владина седница денеска беа утврдени текстови на два предлога на закони, односно поделба на законот за енергетика на посебен закон за обновливи извори на енергија и на закон за енергетика

    spot_img

    На 10-тата владина седница денеска беа утврдени текстови на два предлога на закони, односно поделба на законот за енергетика на посебен закон за обновливи извори на енергија и на закон за енергетика. Двете предлог законски решенија се работени со поддршка на УСАИД.

    Владата информира дека клучната цел на Предлогот на Закон за обновливи извори на енергија е поедноставување на процедурите во однос на употребата на обновливите извори на енергија, на линија на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија.

    Клучната цел на Предлогот на Закон за енергетика е транспонирање на регулативите и директивите на ЕУ – за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и постигнување енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, со примена на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност.

    Исто така, на денешната седница Влада поништи пет наредби за распоредувања и прераспоредувања во МВР кои имале потпис само од министерот, а не и од дополнителниот заменик-министер од техничката влада – со што указите не произведуваат правно дејство.

    Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република.

    Министерството за одбрана информира дека оваа одлука е согласно со Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

    Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство” (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img