Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во јуни доаѓа во Скопје, објавено е денес на сајтот на Македонскиот олимписки комитет (МОК).
– На денешен ден, пред 30 години, во Хотел Холидеј Ин, на иницијатива на група спортски работници и пет Национални спортски федерации од Република Македонија, беше основан Македонскиот олимписки комитет, институција која е чадор организација на Македонските спортски федерации, институција во која членуват Олимписките и не-олимписките спортски федерации, националниот Паралимписки комитет, истакнати спортски работници и спортисти – се вели во сооптението издадено од МОК.
Централната прослава за одбележување на овој свечен чин ќе се одржи на 10 Јуни, кога во Скопје ќе се одржи Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, со присуство на 50 Национални олимписки комитети од Европа, голем број на претседатели на Меѓународни спортски федерации, а и претседателот на ИОК, д-р Томас Бах го потврди доаѓањето во Скопје, на оваа свечена прослава, стои во известувањето на МОК.