Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови го изгласа Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска.
Според хрватските медиуми, за гласале 117 пратеници, 13 биле против и 1 воздржан.
Еврото ќе стане официјална валута во Хрватска на 1 јануари 2023 година и ќе ја замени куната.