More

    На 1 декември почнува скрининг на правосудството

    spot_img

    Во областа „Правда, слобода и безбедност” е направен првиот чекор во „забрзување на интеграцијата”. Побаравме Северна Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа, што е доказ плус за добрата подготвеност во оваа област и посветеноста на македонскиот преговарачки тим на процесот, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во Брисел, каде денеска заврши тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 24 – Правда, слобода и безбедност.

    Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на скринингот членовите на македонската Работната група ја презентираат позицијата и нивото на усогласеност на правниот систем на земјава во однос на законодавството на ЕУ, поврзани со судската соработка во граѓански прашања и комерцијалната материја, како и судската соработка во кривичната материја и конфискацијата и замрзнувањето на имот.

    Маричиќ нагласил дека Поглавјето 24 е она каде што со години веќе соработуваме на полето на азил, миграции и визен режим и иако во ова него сме прилично успешни во усогласувањето, тоа е област во која брзо се менуваат работите.

    Според него, мигрантскиот бран од 2015 и 2016 година и кризата поврзана со Украина покажа дека имаме усогласеност и соработка со ЕУ, а круна на таа соработка е Договорот од ФРОНТЕКС, којшто неодамна беше потпишан во Скопје и којшто ги регулира прашањата околу одбрана на европската граница од несакани и недозволени миграции на долг рок.

    – „Забрзана интеграција” е новиот елемент која овозможува учество на земјите кандидатки во ЕУ законодавството, пред самото пристапување во ЕУ. Во рамки на презентирањето на билатералните состаноци, земјата може да пројави интерес за учество во acquis-то како на пример: учество во програми на Унијата, експертски групи, работните групи и формати, ИТ системи, размена на информации, како во случајот со учеството и примената на КОВИД сертификатот – се наведува во соопштението на СЕП.

    Билатералниот скрининг продолжува на 1 декември за Поглавјето 23 – Правосудство и фундаментални права, кое заедно со Поглавје 24 е клучно за понатамошниот тек и динамика на преговорите за пристапување во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img