МВР објави потерница за адвокат – Откако му ја одзеле лиценцата, подметнал пожар во Адвокатската комора

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Александар Ристески е лицето кое се бара со потерница за пожарот во Адвокатската комора на 25 ноември. Ристески е адвокат по професија, а неколку недели пред пожарот комората донела дисциплинска мерка за одземање на неговата лиценца на три години објави телевизија Телма.

Пријавата за Ристески до комората стигнала од Центар за социјални работи во Свети Николе. Оттаму се жалеле дека адвокатот во врска со случај што го водел, нападнал службеници на центарот и упатил закани кон нив.

Од комората за Телма информирале и дека иако имал право Ристески не поднел жалба за одлуката на дисциплинскиот суд на комората. Не е прв пат, како што наведуваат да биде одземена лиценца на одреден рок на некој адвокат.

Обвинителството вчера отвори истрага, а причинетата штета од пожарот се проценува на околу 150 илјади евра.

На 25 ноември осомничениот со умисла подметнал пожар во просториите на Адвокатската комора, која се наоѓа на улицата Методија Шаторов – Шарло и предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери.

„Една недела претходно, осомничениот набавил секира со гумирана рачка, плинска запалка, заштитни ракавици и 48 коцки за потпалување со керозин. На критичното утро, со сопственото возило дошол во близина на зградата каде се сместени просториите на Адвокатската комора, маскиран со „фантомка“ и со секирата ја скршил влезната врата. Коцките керозин ги наредил на скалите, а врз нив ставил повеќе плински боци и со употреба на плинската запалка ги потпалил. Со тоа предизвикал пожар од поголем обем во станбената зграда. Причинетата штета се проценува на околу 9.255.000 денари. Само 30-тина минути по настанот осомничениот со сопственото возило, преку граничниот премин Блаце ја напуштил државата“, соопшти Јавното обвинителство.

Share This Article