МВР ја демантира дезинформацијата што ја шират неколку интернет портали за некаква поврзаност на вработен во МВР со дрогата која беше пронајдена вчера при претрес во подрумски простории во зграда во скопската населба Автокоманда

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за внатрешни работи ја демантира дезинформацијата што ја шират неколку интернет портали за некаква поврзаност на вработен во МВР со дрогата која беше пронајдена вчера (27.09) при претрес во подрумски простории во зграда во скопската населба Автокоманда. Станува збор за класична лага. Дрогата е пронајдена во координарана акција на повеќе организациски единици на МВР и тоа во узурпирани подрумски простории, при што е приведен сопственикот на дрогата, односно сторителот на кривичното дело.

За акцијата е објавено и соопштение со фотографии од запленетата дрога. Спроведена е уште една од низата успешни акции во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога, но очигледно е дека некому му пречат ваквите успешни акции и се обидува со вакви лаги да го наруши угледот на полициските службеници. Апелираме да не се шират дезинформации.

Share This Article