Вчера (13.11.2024) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К.(54) од с .Дедино, општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“, член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ. Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с .Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово, при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот.Во текот на вчерашниот ден, со наредба од Основен суд Радовиш извршен е претрес во домот на Т.К., при што се одземени предмети кои се од интерес на истрагата, а лицето е приведено.
На 13.11.2024 во 12.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ја лишиле од слобода Н.С.(26) од Скопје. При претрес во домот каде престојувала, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и две дигитални ваги. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава по брза постапка.
На 13.11.2024 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(23) од с.Батинци, скопско. При претрес во домот на Ј.Т.(38) од Скопје, извршен со судска наредба, каде бил затекнат пријавениот А.Р., како и во неговото патничко возило, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги, куршуми и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 16.15 часот во близина на с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово. При преглед во возилото „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија. Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно – транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 околу 19.35 часот на автопатот Табановце – Куманово, во близина на с.Табановце, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода К.Н.(27) од Скопје. На наведеното место, полициски службеници сопреле возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегол К.Н. со осум лица мигранти од Сирија и се обидел да избега, но набргу бил фатен и лишен од слобода. К.Н. и возилото биле задржани во полициска станица, а по наредба на јавен обвинител, мигрантите биле сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје и во Транзитниот центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 11.45 часот во с.Чаниште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.З.(56) од Прилеп. При претрес во неговиот дом во с.Чаниште, извршен со судска наредба, бил пронајден самозапалувачки фитил од 9 метри. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска (14.11.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода М.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.11.2024 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Р.(46) од село Баница, струмичко, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна во траење од десет месеци за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Лицето било спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Струмица за издржување на казната.
На 13.11.2024 во 21.30 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода К.Н.(18) од Гевгелија затоа што кај него била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против К.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 22.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.О.(26) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 13.11.2024 во 13.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат од с.Извор кон с.Јасеново, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од малолетничка од с.Извор, велешко и патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(77) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот од с.Извор, а со телесни повреди се здобила малолетничката која го управувала мопедот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 13.11.2024 во 14.35 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(49) од с.Романовце, кумановско, удрило во пешакот Б.А.(85) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
На 13.11.2024 во 15.36 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар, патничко возило „смарт“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(26) од Гостивар, удрило во пешакот С.С.(38) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 13.11.2024 во 17.30 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром-Скопје, на излез од државата, полициски службеници ги привеле Е.К.(30), С.К.(29) и Х.С.(32), сите од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека истите приложиле фалсификувани словенечки дозволи за престој. Со нив бил извршен службен разговор, по што биле предадени на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка.
На 13.11.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Гази Баба, П.Н.(71) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба во Скопје била касната од куче скитник.