More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани

    spot_img

    На 03.10.2022 во 21.45 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се В.Ш.(29) и В.Г.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     На 03.10.2022 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Н.Р.(44) од Велес, затоа што во периодот од 27.09.2022 до 03.10.2022 година извршил „тешка кражба“ во работилница на ул.„Коце Цветков“ во Велес, сопственост на 71-годишен велешанец, при што одзел поголем број производи. Одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

     На 03.10.2022 во 16.00 часот, на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, го привеле 53-годишниот Р.Д. од гостиварска Долна Бањица. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна. Р.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.

    Денеска (04.10.2022) во 05.40 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода се Ј.С.(37) од Скопје и Е.М.(33) од Р.Косово, постапувајќи по пријава од М.А., според која тие од неговата куќа на место викано „Кочинар“ во с.Морани, скопско, одзеле разни предмети. Украдените предметите се пронајдени во патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, со кое се превезувале пријавените, и се вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

     Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (3 октомври) околу 19 часот и 45 минути, на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода Р.Ј.(43) од Гостивар и Ш.Ф.(30) од гостиварско Чегране, затоа што при нивен и преглед на патничкото моторно возило „опел зафира“, со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, им бил пронајден хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени поднесоци.

     На 03.10.2022 полициски службеници од СВР Битола на ул.„Михајло Андоновски“пред Техничкото училиште во Битола, ги лишиле од слобода Г.И.(24) од Битола и И.Ј.(31) од с.Свето Тодори, Општина Могила, бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

     На 03.10.2022 во 07.15 часот на улица „Браќа Миладинови“, во близина на тетовско средно училиште, полициски службеници на СВР Тетово привеле 15-годишник од тетовско Ларце кај кого бил пронајден нож. Се расчистува случајот и против малолетникот ќе следува поднесок.

     Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 11 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

     На 03.10.2022 од 07.00 до 12.00 часот полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која вкупно биле изречени вкупно 120 мерки (ТЕ-88 и ГВ-32). Деведесет и три од мерките (ТЕ-70 и ГВ-23) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место, при што 9 возачи-прекршители пречекориле за повеќе од 70 километри на час (ТЕ-7 и ГВ-2). Покрај ова, санкционирани се и 27 возачи (ТЕ-18 и ГВ-9) кои ја пречекориле брзината во населено место, а констатирани и со соодветни поднесоци биле заокружени и 2 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-1).

     На 03.10.2022 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 59 прекршоци, од кои 42 во населено место и 17 надвор од населено место. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 2 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 7 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон, 1 за прекршок сторен од возачи на електрични тротинети и  2 за непрописно паркирање.

     На 03.10.2022 во 19.40 часот во Полициска станица Гази Баба, Т.К.(26) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната  од куче скитник.

     На 03.10.2022 во 18.40 часот во Полициска станица Аеродром, З.К.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img