На 20.02.2023 во 20.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.З.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.02.2023 во 20.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Б.(39) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.02.2023 во 18.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Н.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.02.2023 околу 23.00 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот К.Р.(24), затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 20.02.2023 околу 17.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот А.Б. од тетовско Теарце, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против А.Б. ќе следува поднесок.
Во текот на вчерашниот ден (20.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 197 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 89 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 108 надвор од населено место.
Во текот на вчерашниот ден (20.02.2023) во периодот од 08.00 до 12.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата санкционирани се 32 прекршоци, од кои 19 поради неисправен уред за запирање… Упатени на вонреден технички преглед се 200 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз на патници.
На 20.02.2023, во периодот од 08.00 до 12.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. Во контролата биле откриени и санкционирани вкупно 8 технички неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5). Пет од возилата имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-2), две биле со неизвршен технички преглед (ГВ) и 1 (ГВ) со неисправни други уреди. Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и на возачите изготвени им се законски предвидените поднесоци. При контролата, исто така, биле санкционирани и 9 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-4).
На 20.02.2023 во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари, битолско, удрило во Б.С.(75) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 20.02.2023 во СВР Велес, К.П.(42) од Велес пријавил дека во Велес бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2023 во СВР Битола, И.Б.(52) од с.Оптичари, битолско, пријавил дека на ул.„Воден“ во Битола бил каснат од куче скитник.
На 20.02.2023 во СВР Тетово, М.А.(32) од Тетово пријавил дека неговата малолетна ќерка на улица „180“ во Тетово била касната од куче скитник.