На 21.04.2023 во 03.20 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 21.04.2023 во 03.30 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 21.04.2023 во 07.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.04.2023 во 15.30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.С.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.04.2023 во 19.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Д.(38) и З.Н.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 20.04.2023 во 06.15 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(49) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, од страна на полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.04.2023 во 19.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(22) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Карпош, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.04.2023 во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во атар на с.Ќојлија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Х.(19) од с.Ќојлија, и патничко моторно возило “даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Р.(60) од с.Долно Коњари. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Х.Р. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде починал, а смрт била констатирана од страна на лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Х. и сопатник од возилото “даеву матиз“ Љ.Г.(63) од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од возилото “сеат ибица“ А.Д.(22) и И.Д.(24) двајцата од Скопје констатирани во Комлексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера (20.04.2023) во периодот од 14.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 98 возачи. Од нив,73 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 25 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 20.04.2023 во 18.45 часот било пријавено дека на крстосницата од локалниот пат с.Муртино-с.Моноспитово-с.Бориево се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор “имт 539“ без регистарски таблици, управуван од З.С.(56) од с.Муртино, и моторцикл “хамачи“ без регистарски таблици, управуван од З.Ј.(40) од с.Муртино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 18 санкции за непрописно престројување на возила.Изречени се четири мерки за нерегистрирани возила, седум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 20.04.2023 во 15.25 часот било пријавено дека во Гостивар на раскрсница од ул.“Беличица“ со бул.“Гоце Делчев“ товарно моторно возило “ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Беловиште, удрило во велосипед управуван од Т.Ј.(72) од с.Чајле. На местото на несреќата починал велосипедистот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 20.04.2023 во 09.30 часот во Полициската станица Центар Ф.Х.(47) од Скопје пријавила дека на бул.“Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.
На 20.04.2023 во 17.00 часот во Полициската станица Аеродром С.Ш.(43) од Скопје пријавила дека во кругот од основно училиште на подрачјето на Аеродром нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 20.04.2023 во 19.00 часот во Полициското одделение Петровец В.А.(49) од Скопје пријавила дека во с.Ржаничино била касната од куче скитник.