More

    МВР – Извадок на дел од дневните настани, 01 Ноември 2023

    spot_img

    На 31.10.2023 во 16.15 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци Кавадарци ги лишиле од слобода Т.К.(38) и Р.А.(26), двајцата од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 31.10.2023 во 21.00 часот во с.Долна Матка, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Е.(26) од Република Албанија затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 31.10.2023 во 21.40 часот на улица „Славко Лазарески“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Б.С.(48) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 31.10.2023 во 14.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.П.(35) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 31.10.2023 во 15.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(29) од кичевско затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 31.10.2023 во 17.40 часот на улица „4 Јули“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Т.В.(39) од Кичево затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

     На 31.10.2023 во 12.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 31.10.2023 во 15.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(33) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 31.10.2023 во 12.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ш.Х.(48) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

     На 31.10.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Е.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     На 31.10.2023 во 21.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Н.Н.(22) и А.В.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

     Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 340 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 87 санкции, 29 мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…

     Во текот на вчерашниот ден (31.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи. Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место.

     На 31.10.2023 во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред крстосница од ул.„Скупи“ и ул.„10“ во с. Бардовци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А.(42) од Свети Николе и мотоцикл „беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Н.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во приватна болница во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

     На 31.10.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Д.(20) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник.

    На 31.10.2023 во 13.15 часот во Полициската станица Карпош, Д.Б.(22) од Скопје пријавил дека во кругот на касарна Илинден бил каснат од куче скитник.

     На 31.10.2023 во 12.35 часот во Полициската станица Гази Баба, З.П.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Благоја Стефковски“ бил каснат од куче скитник.  

     На 31.10.2023 во 22.40 часот во СВР Куманово, М.Н.(45) од Куманово пријавила дека на улица „Страшко Арсов“ во Куманово нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img