На 31.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.01.2023 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода М.П.(42) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден амфетамин. Истиот ден во 17.45 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода и Д.Д.(39) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дигитална вага. За настаните бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 31.01.2023 во 11.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(47) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска (01.02.2023) во 03.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 01.02.2023 во 00.05 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.01.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.01.2023 во 21.50 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(22) од Гостивар, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 31.01.2023 во 17.30 часот на автопатот А1 – штипска клучка, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода С.Ј.(26) од скопско село. При контрола на патничкото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, на увид приложил бугарска возачка дозвола и лична карта за кои подоцна било утврдено дека се фалсификат. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 240 возачи. Од нив девет возила се движеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 152 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 88 надвор од населено место.
Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023), во периодот од 10.00 до 14.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 174 пешаци, од кои 143 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин. На територија на СВР Тетово 40 санкции, на територија на СВР Штип 34 санкции, на територија на СВР Битола 28 санкции…
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 14 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Во текот на вчерашниот ден (31.01.2023), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило.
На 31.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 12 прекршоци, од кои 8 во населено место и 4 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 10.00 до 14.00 часот, спроведена била акциска контрола на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. За време на контролата биле санкционирани 34 прекршоци. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 5 за управување возило без возачка дозвола, 1 за возач почетник, 1 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за некористење сигурносен појас, 4 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени заштитни фолии.
На 31.01.2023 во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник.
На 31.01.2023 во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, З.Е.(40) од Кичево пријавила дека нејзината малолетна ќерка на ул.„11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник.
На 31.01.2023 во ОВР Прилеп, Д.Ј.(63) од Прилеп пријавил дека на ул.„Ладо Лапецот“ бил каснат од куче скитник.