МВР – Извадок на дел од дневни настани 30.12.2022

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 29.12.2022 во 17.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30) од с.Бузалково. Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната. Лицето било спроведено во установата доиздржување на казната.

На 29.12.2022 во 23.55 часот во угостителски објект на регионалниот пат за тетовско Фалише, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на наредба од Основен суд Тетово, ја привеле Џ.М. (46) од Република Косово за издржување на затворска казна. Таа била спроведена во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

На 29.12.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода И.А.(23) од Битола, со привремен престој во Охрид. При претрес во домот во кој престојува, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2022 во 16.30 часот во трговски центар во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода И.М.(37) од Гостивар. Таа била фатена при извршување кражба во трговскиот центар, при што одзела повеќе предмети. Одземените предмети биле вратени на сопствениците, а И.М. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2022 во 16.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(21) од Тетово. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и шест куршуми од различен калибар. Лицето било задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2022 полициски службеници од СВР Битола -ОВР Ресен извршиле претрес во дом на К.К.(57) од Ресен и во продажен објект во Ресен, во негова сопственост. При претресите пронајдени се 6064 парчиња разновидни пиротехнички средства,а исто така пронајдени и одземени се повеќе пакувања тутун. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2022 во 14.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода А.Ш. (31) од Радовиш. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 4786 парчиња разновидни пиротехнички средства. Истиот ден, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода З.М.(41) и Е.Х. (34), двајцата од Струмица. При претрес во дом и други простории, сопственост на З.М., биле пронајдени 707 парчиња пиротехнички средства, а кај Е.Х. биле пронајдени 131 парче различни пиротехнички средства. Сите лица се задржани во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријава.

На 30.12.2022 во 01.35 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(38) од Свети Николе затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2022 во 22.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода двајца 16-годишни малолетници од гостиварско Здуње затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Во присуство на нивните родители и претставник на Центарот за социјални работи, со малолетниците бил извршен службен разговор. По документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

На 30.12.2022 во 01.20 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.А.(49) од гостиварска Лакавица затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.

На 29.12.2022 во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода Љ.С.(45) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина четири санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

- Advertisement -
Ad image

На 29.12.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 13 прекршоци, од кои 9 во населено место и 3 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Истиот ден, во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 4 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 22 други видови на прекршоци, од кои 8 за управување возило без возачка дозвола, 4 за управување нерегистрирано возило, 2 за технички неисправно возило, 2 за возач почетник, 2 за некористење сигурносен појас…

Во текот на изминатата вечер (29.12.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот спроведена е сообраќајна контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 39 возачи.

На 29.12.2022 во 09.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Московска“ со ул.„Прашка“ во Скопје, товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(20) од с.Сарај, скопско, удрило во З.Г.(23) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Г. констатирани во Градската општа болница “8-ми Септември“. Извршен бил од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.12.2022 во 16.05 часот во Полициската станица Аеродром, П.П.(20) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник.

На 29.12.2022 во 16.15 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„840“ бил каснат од куче скитник.

На 29.12.2022 во 16.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, И.К.(52) од Скопје, пријавил дека на ул.„1596“ бил каснат од куче скитник.

Share This Article