More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани 27.01.2023

    spot_img

    На 26.01.2023 Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес и Тетово, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член 418-г од Кривичен законик, извршено од страна на пет лица на возраст од 25 до 32 години, од кои четири од Велес и едно од Тетово, кои се лишени од слобода. Имено, С.Д.(25) од Велес во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, на подрачјето на Велес извршен е претрес во дом и други простории кај С.Д., петте лица се приведени и против нив од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик.

    На 26.01.2023 во ЕВР Чаир сама се пријавила М.Ч.(22) од с.Љубанци, скопско, за која на 24.01.2023 нејзиниот татко Д.Ч.(55) пријави дека се оддалечила од домот.

    На 26.01.2023 полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода И.А.(32) од Виница. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, две дробилки, ризли и пари. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 26.01.2023 околу 13.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил пет кражби во куќи во Гостивар. Лицето било задржано во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје. По преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово. На 26.01.2023 со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото. Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело.  По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

    На 26.01.2023 во 23.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

    На 26.01.2023 на ул.„Гаврило Принцип“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода И.Ф.(23), А.К.(20) и еден малолетник, сите од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

    На 26.01.2023 околу 18.30 часот во гостиварската населба Млаки2, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 25-годишниот гостиварец С.С., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

    Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 120 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци…

    На 26.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 14 во населено место и 2 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 20 други видови на прекршоци, од кои 2 за нерегистрирано возило, 6 за управување возило без возачка дозвола,  2 за недавање првенство на минување на пешаци, 4 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 5 за непрописно паркирање.

    На 26.01.2023 во 20.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Неготино – крстосница со магистрален пат А4, патничко возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.С.(76) од Радовиш излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(18) од Радовиш, констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

    На 26.01.2023 околу 14.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат с.Стари Град – с.Богомила, велешко, патничко возило „фолксваген туран“ со велешки регистарски ознаки, управувано од З.М.(45) од с.Мартолци излетало од коловозот. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М.(79) од с.Мартолци, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Велес.

    На 26.01.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Карпош, В.Н.(66) од Скопје пријавила дека пред станбено-деловен комплекс на бул.„Партизански одреди“ била касната од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img