МВР- Извадок на дел од дневни настани 09.02.2023

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода  С.Т.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 во 20.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени метадон и таблети. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 околу 18.00 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 59-годишниот тетовец Н.Е. за издржување на двегодишна затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 09.02.2023 во 03.50 часот на улица „Скопска“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода М.Р.(28) од Република Албанија. Тој бил затекнат при излегување од куќа каде што претходно извршил тешка кражба, при што одзел пари и разни предмети.  Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 во 15.45 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.С.(30) од Велес. Тој се сомничи дека од деловен објект на ул.„Партизански одреди“ во Велес одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.О.(38) од Кавадарци. Тој се сомничи дека во периодот од 04. до 08.02.2023, во круг на поранешна фабрика на ул.„Брушанска Таска“ во Кавадарци, одзел повеќе предмети. Б.О. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.02.2023 во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Т.Д.(27) од Кавадарци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија поради бегство од затворот. Лицето било спроведено во установата за доиздржување на казната.

На 08.02.2023 во 22.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.02.2023 во 20.15 часот магистралниот пат Кичево-Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.Ј.(33) од кичевското село Лешница, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветен поднесок.

- Advertisement -
Ad image

На 08.02.2023 во 15.25 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода М.Ф.(29) од Република Албанија. При извршена контрола било констатирано дека тој бил баран по меѓународна потерница од Интерпол – Визбаден, Германија. Тој бил задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 68 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден (08.02.2023), во периодот од 08.00 до 12.00 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 197 пешаци од кои, 175 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата регистрирани се и 49 останати прекршоци.

- Advertisement -
Ad image

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 08.02.2023 во 08.30 часот во Полициската станица Центар, Б.Т.К.(41) од Скопје пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 08.02.2023 во 16.05 часот, М.П.С.(27) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улица „Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник.

Share This Article