More

    МВР – Извадок на дел од дневни настани, 03.12.2024 година

    spot_img

    На 02.12.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходно добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на С.М.(30), на подрачјето на Гази Баба во Скопје. При претресот биле пронајдени прашкаста материја, три мобилни телефони и дигитална вага со остатоци од прашкаста материја. С.М. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

    На 02.12.2024 во 18.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Ш.(41) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба., биле пронајдени пиротехнички средства. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

    На 02.12.2024 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(30) од Струмица. Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

    На 02.12.2024 во 23.30 часот на улица „Никола Тесла“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Л.Н.(36) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од 12 месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

    На 02.12.2024 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Ј.(41) од с.Инџиково, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени амфетамин и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка по член 215 од Кривичниот законик.

    На 02.12.2024 во 19.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(22) од с.Бујковци, општина Илинден, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.12.2024 во 18.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.12.2024 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ѓ.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.12.2024 во 12.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(40) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

    На 02.12.2024 во 13.30 часот на улица ,,Ван Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.М.(44) од Тетово. Кај него било пронајдено патничкото возило „опел зафира“ со тетовски регистарски таблички, сопственост на Х.М.(62) од с.Џепчиште, кој што истиот ден околу 09.00 часот пријавил дека му било одземено од дворот на неговиот семеен дом во с.Џепчиште. Одземеното возило било вратено на сопственикот, додека лицето е задржано во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

    На 03.12.2024 во 00.15 часот во близина на с.Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода М.Е.(28) од Република Албанија. Во наведеното време, со возилото „хјундаи“, кое го управувал, тој не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжил со движење. Набргу го запрел возилото и се дал во бегство. При преглед во возилото и проверка на теренот тој бил пронајден и лишен од слобода, а биле пронајдени и 12 лица мигранти (по четири од Сирија, Либан и Иран), кои ги превезувал во возилото. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.12.2024 во 16.00 часот во село Радово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода О.О.(48) од село Старо Балдовци, струмичко, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за издржување на казната.

    Денеска (03.12.2024) во 00.50 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ц.С.(65) од Република Турција затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека меѓународните зелени карти за осигурување на товарното возило и полуприколката, кое го управувал, биле фалсификувани.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

    На 02.12.2024 во 07.20 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода М.М.(19) од тетовското село Жилче. При преглед во нејзината торба биле пронајдени девет куршуми за пиштол калибар 7,65 милиметри. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    На 02.12.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ со ул.„Глигор Прличев“ во Скопје, патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(34) од с.Семениште, општина Сарај, удрило во велосипед, управуван од Б.В.(67) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 02.12.2024 во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ферид Бајрам“ и ул.„Рокомија“ во Скопје, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(41) од с.Брест, општина Чучер – Сандево, удрило во велосипед, управуван од Р.Р.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

    На 02.12.2024 во 14.20 часот во Полициската станица Велес, Т.Ј.(39) од Велес пријавил дека на улица „Мите Богоевски“ во Велес бил каснат од куче скитник.

    На 02.12.2024 во 21.00 часот, К.П.(50) од Кичево во полициска станица пријавил дека на булеварот „Ослободување“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img