На 03.01.2023 околу 12.40 часот во тетовски Требош, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 58-годишниот З.Љ. од ова село. При претрес во неговиот дом и возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин и осум куршуми за ловечка пушка калибар 12 милиметри. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следуваат поднесоци по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.
Денеска (04.01.2023) околу 08.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол. Тој се сомничи дека бил инволвиран во две тешки кражби, извршени кон крајот на минатата година во гостиварското село Галате. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.01.2023 во 21.10 часот во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ч.(20) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.01.2023 во 22.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Д.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.01.2023 во 18.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.В.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 03.01.2022 околу 22.30 часот на улица „Киро Ристевски – Дрнц“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(30) и 16-годишник, двајцата од Тетово. При нивен и преглед на патничко возило „опел астра “ со тетовски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена марихуана. Двете лица се задржани во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина седум санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци…
На 03.01.2023 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 11 прекршоци, сите во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 1 за управување возило без возачка дозвола, 2 за нерегистрирано возило, 1 за непочитување првенство на минување, 1 за некористење сигурносен појас, 3 за користење мобилен телефон и 4 за непрописно паркирање.
На 03.01.2023 во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, кај место викано ,,Ветарник“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас, додека возачот Е.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.
На 03.01.2023 во 11.15 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Лука Геров“ била касната од куче скитник.
На 03.01.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Б.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Архимедова“ бил каснат од куче скитник.
На 03.01.2023 во 19.30 часот во Полициската станица Чаир, З.С.(52) од Скопје пријавил дека на ул.„Тале Христов“ бил каснат од куче скитник.