More

    Музичката ѕвезда Џастин Бибер е фотографиран на аеродромот во Мумбаи, каде што пристигнал да пее на свадба на еден милионер

    spot_img

    Музичката ѕвезда Џастин Бибер е фотографиран на аеродромот во Мумбаи, каде што пристигнал да пее на свадба на еден милионер.

    Бибер веќе некое време е на пауза, па многу фанови се прашуваат кога ќе објави нова песна и ќе закаже концерти. Последната турнеја ја прекина во 2022 година, објаснувајќи дека сака да се посвети на своето здравје. Се шпекулира дека за 10 милиони долари решил да стави крај на паузата, а можеби и здравјето му се подобрило.

    Додека тој и неговата сопруга Хејли Бибер го чекаат своето прво дете, Џастин се упати во Мумбаи, Индија, каде ќе настапи на свадбата на индискиот милијардер Анант Амбани. Неговиот настап се очекува да биде врв на вечерта на која ќе настапат познати личности од целиот свет.

    Бибер беше фотографиран во Мумбаи, каде го привлече вниманието на минувачите и папараците. За неговото пристигнување во Индија избра необична модна комбинација – широка розова маичка и црвена капа.

    Свадбата на 29-годишниот Анант Амбани со Радика Мерчант, која е негова љубов од детството, треба да се одржи на 12 јули. Пред самата церемонија, најбогатиот човек во Азија, Мукеш Амбани, по повод венчавката на неговиот син Анант приредува забави за своите гости.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img