Музичарот Томас Брукнер почина на 49-годишна возраст.
Овој диџеј е роден во Минхен, каде што ја започна својата кариера во 1994 година, комбинирајќи прогресивен транс и техно.
Најпознат е како копродуцент на електро-хаус хитот „Loneliness“, кој беше на врвот на топ листите, а го користеше псевдонимот „Томкрафт“.
Семејството на Томас на неговиот инстаграм-профил потврди дека тој починал завчера, но причината за смртта не е откриена.
„Со тешко срце мораме да ве информираме дека вчера, 15.07.2024 година, почина нашиот сакан татко и сопруг. Засекогаш ќе те носиме во нашите срца и ќе те сакаме додека повторно не се сретнеме“, напишало семејството.
Пред само три дена, Брукнер сподели објава на Инстаграм во која го резимирал својот диџеј сет на фестивалот Steinbruch Open Air.