Музичарот поминува и низ битка за старателство

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Музичарот Џош Хом (50), фронтменот на групата „Queens Of The Stone Age“, откри дека му е дијагностициран рак. Проговори и за поранешната сопруга со која во моментот поминува низ битка за старателство.

Во интервјуто за магазинот „Револвер“, тој откри дека сѐ уште закрепнува од операцијата на ракот.

– Ракот е само цреша врз тортата во интересен временски период, знаете? Исклучително сум благодарен што ќе успеам да поминам низа сето ова – изјавил музичарот. Тој не откри за каков вид на рак се работи, но рекол дека операцијата била успешна и дека се опоравува.

– Никогаш не велам дека никогаш не може да биде полошо. Никогаш не велам никогаш и не  советувам. Но, велам дека може да биде подобро. Има многу работи што сакам да ги направам и многу луѓе со кои сакам да ги направам – додаде Џош.

Отворено зборувал за болеста, но не сакал премногу да зборува за битката за развод и старателство со поранешната сопруга Броди Дале (44).

– Никогаш не зборувам лошо за мајката на моите деца. И нема да зборувам за моите деца – рекол тој.

Џош и Броди имаат три деца, ќерката Камил Харли (17) и два сина, Орин Рајдер (11) и Волф Дилон (6). Поранешните сопружници се венчаа во 2005 година, а се разделија во 2019 година. По разводот тие не останаа во добри односи, па дури и неколкупати побараа и забрана за приоѓање. Децата во моментот престојуваат кај Џош и неговите родители во Малибу.

Share This Article