Музичарот Никола Перевски – Пере доби четврта ќерка, на која со сопругата ѝ го дадоа името Ирис.
Музичарот ја сподели среќната вест на своите профили на социјалните мрежи, каде го откри и името на најновиот член на нивното семејство.
„Ирис се роди… Ваистина се роди уште едно трилече“, напиша Пере на Инстаграм. Притоа сподели фотографија од новородената ќерка Ирис.
Пере и сопругата Јована ја имаат и две и пол годишната Софија, додека, пак, пејачот од првиот брак има уште две ќерки, Михаела (25) и Каја (16).
ФОТО: Инстаграм