Музичарот има посебни услови за гостите, девет спални соби, ѕидови полни со уметнички дела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Музичарот Горан Бреговиќ неодамна одлучил луксузната вила во Пераст, која ја поседува повеќе од 10 години, да им ја понуди на сите туристи со длабоки џебови, па неодамна овој објект може да се најде во понуда на позната веб-страница за изнајмување недвижности, дознава српски „Курир“.

Цената за изнајмување е 1.400 евра дневно, во текот на јули и август, па за четири дена во вилата на Бреговиќ потребно е да се издвојат дури 5.600 евра.

На споменатата веб-страница пишува и дека вилата има прекрасен поглед на морето и на Пераст и дека во неа можат да се сместат најмногу девет лица. Во вилата се наоѓаат неколку спални соби, од кои едната има огромен брачен кревет, едната е со стандарден брачен кревет, две имаат два одвоени кревети, а едната има поединечен и брачен кревет, што значи вкупно девет кревети.

Рајот на Брега на земјата има надворешен базен и неколку тераси на кои можете и да ручате, додека на некои од нив се поставени и лежалки за да можете на нив да се сончате и да уживате во текот на денот.

Во вилата се добредојдени и деца и домашни миленици, за кои не се наплаќа дополнително, но музичарот не им дозволува на гостите во неа да пушат или да организираат забави од каков било вид.

Ѕидовите на вилата се украсени со бројни уметнички дела, а во трпезаријата има слика на која е прикажана пародија на „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи.

Share This Article