Муцуски предупредува на можна злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ фактори

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во рамките на работната посета на Будимпешта, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати пред студентите и дипломатите од Унгарската дипломатска академија. Во своето обраќање, како што информираат од МНР, Муцунски се осврнал на долготрајниот и посветен процес за пристапување на нашата држава кон ЕУ, при што посебно ја истакнал непрекинатата повеќедецениска посветеност кон процесот, но и бројните и големи отстапки кои македонското општество ги има направено на тој пат.

Свесни за областите во кои постои потреба од дополнителна работа и подобрување на состојбите, министерот Муцунски потенцирал дека и на нашата страна и е крајно потребна предвидливост во процесот.

-Нашиот пристапен пат во суштина ја штити политиката на проширување на ЕУ, заснована на вредности и заслуги, со оглед дека ризикот од злоупотреба на нашиот случај од страна на анти-ЕУ факторите е голем- нагласи Муцунски на темата поврзана со евроинтеграциите на земјата.

Муцунски, се вели во соопштението, ја подвлекол и суштинската важност на добрите билатерални односи помеѓу двете земји, кои оваа година одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатски односи и се заблагодари за досегашната поддршка на политички, економски и мултилатерален план.

-Иако односите се континуирано пријателски, во следниот период очекувам нова динамика како резултат на заложбата на двата премиери за воспоставување стратешка релација помеѓу двете земји – истакна тој во обраќањето.

Муцунски им посака успех во кариерите на присутните дипломати, со оглед на тежината на професијата која ја имаат.

По обраќањето, како што информираат од МНР, следела сесија на прашања и одговори во чии рамки се говорело на теми како нелегалната миграција и безбедноста на границите, регионалната енергетска безбедност, очекувањата за идните чекори и ризици во придвижувањето кон ЕУ, како и размена на мислења за актуелните состојби во Унијата.

Share This Article