More

    Муцунски се потсети на убавите моменти од детството поминати во Бугарија

    spot_img

    Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, обраќајќи се пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, рече дека некои од неговите најубави спомени се од Бугарија.

    Тој порача дека иако источниот сосед ја кочи европската интеграција на Македонија, сепак македонските власти и понатаму ќе останат посветени и ќе продолжат по европскиот пат, доколку, како што потенцираше, процесот се води на фер начин“.

    – Да се ​​осврнам сега на едно прашање што ме засега мене лично, нашите односи со Бугарија. Едно од моите најрани и најубави спомени е поврзано со Бугарија. Мојот прв одмор како дете беше во Сончев Брег, каде што за прв пат ја открив мојата љубов кон морето и кон сонцето. Години подоцна, уште еден убав момент беше кога син ми ги направи првите чекори на скии во Боровец, прифаќајќи ја радоста на зимата во прекрасните планини на Бугарија. Овие лични врски ме потсетуваат на длабоките врски што ги споделуваат нашите народи, изградени со генерации. Сега, сепак, тие врски се под закана. Политиките и дејствијата од последните години поттикнаа недоверба меѓу нашите народи, поткопувајќи ја самата структура на нашите добрососедски односи – рече Муцунски.

    Стојам пред вас како претставник на народот кој чекореше по извонреден пат – обележан со длабоки жртви и немилосрдна издржливост – сето тоа во име на нашата европска иднина, додаде тој.

    – Ние сме земја која го смени знамето, го промени својот устав неколку пати, па дури и го смени своето име. Тоа не беше лесен избор. Бевме убедени дека патот на дијалогот, компромисот и реформите ќе доведе до посветла иднина за нашите граѓани, како дел од европското семејство како примери на храброст, како чекори напред за целиот регион, како доказ за трансформативната моќ на Европа – рече шефот на дипломатијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img