More

    Муцунски се обрати на Самитот на иднината во Њујорк

    spot_img

    Во денешно време се соочуваме со многу закани, вклучувајќи нови конфликти, тероризам, насилен екстремизам, ризици од нови технологии, кршење на човековите права и климатски промени, а ниту една земја сама не може да се справи со овие предизвици, па е неопходен ефикасен мултилатерализам за обезбедување на меѓународниот мир и безбедност, рече министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во своето обраќање на Самитот на иднината во Њујорк, на интерактивниот дијалог на тема: „Зајакнување на мултилатерализмот за меѓународниот мир и безбедност“ кој се одржа на  маргините на 79-то Генерално собрание на Обединетите Нации.

    „Самитот на иднината претставува можност за зајакнување на глобалното владеење и одговор на актуелните и идните предизвици. Пактот ни нуди траекторија за глобални акции и отвора пат за засилување на мултилатерализмот“, истакна министерот Муцунски во обраќањето.

    Воедно, нагласи тој, иднината треба да биде предвидлива, просперитетна и без страв, а злото од војна и конфликти мора да остане во минатото.

    „Денес имаме уникатна шанса да ја зајакнеме нашата мултилатерална агенда и глобалните системи, прилагодувајќи ги на предизвиците со кои се соочуваме во областа на меѓународниот мир и безбедност. Утре веќе е наша сегашност“, додаде тој, истакнувајќи ја подготвеноста активно да учествуваме во напорите за зајакнување на мултилатерализмот.

    Муцунски ја подвлече потребата за промовирање на мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН, почитувањето на човековите права, владеењето на правото и демократијата, како клучни дипломатски алатки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img