Муцунски открива за што се трошат државни пари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски во своето гостување на Радио Лидер потенцираше дека постои едно сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми.

– Она што мене ме загрижува е по повеќе разговори со релевантни меѓународни претставници еве во вашата емисија можеме да кажеме дека постои едно сомнение кое што доаѓа и надвор од Македонија, дека владини претставници, одредени министри и одредени безбедносни структури во Македонија користејќи државни ресурси во една специфична ситуација и едно акционерско друштво во доминанта државна сопственост финансираат медиуми кои што се таканаречени проруски медиуми, кои што шират една пропаганда спротивна на интересите на нас како земја членка на НАТО – истакна Муцунски.

Муцунски додаде дека за сето ова што го прави власта ќе следи одговорност.

– И бидејќи тезата е дека ВМРО-ДПМНЕ е антиевропска партија еве да бидат свесни дека за таквите злоупотреби во некој момент ќе следи одговорност. Мојот колега и потпретседателот Николоски често зборува и за една друга работа која што е ноторен факт, а тоа е дека одредени безбедносните служби во Македонија сериозно превземаат чекори за следење на комуникацијата на дел од раководството на политичката партија. Согласно моите информации и јас сум еден од тие лица кои што е опфатен со тој процес и се шири, користејќи буџетски средства на граѓаните, една пропаганда против опозицијата – кажа Муцунски.

Share This Article