Муцунски: Општина Аеродром е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Општина Аеродром е целосно подготвена за почетокот на новата учебна година, соопшти во видео обраќање на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Тој ги посочи инвестициите во образованието и образовната инфраструктура кои беа реализирани во текот на летниот период.

– Изминатите неколку месеци, беше реконструирана внатрешноста на повеќе основни училишта на територијата на Аеродром, а неколку училишта добија нова фасада, современи игралишта за фудбал, ракомет и кошарка, училница на отворено и простори за релаксација и забава на учениците. Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како најголемо училиште во Македонија, беа поставени нови пристапни рампи, пристапен лифт и други инклузивни содржини, со што во училиштето беа обезбедени услови за целосно инклузивна настава – рече Муцунски.

Градоначалникот потенцира дека во моментов тече пријавувањето за парична помош за првачиња, со што секое новозапишано прваче во училиштата во Аеродром ќе добие 3.500 денари. Новата учебна година учениците ќе ја започнат со нови училишни униформи, а децата од четврто одделение ќе ги добијат бесплатните таблет уреди за полесно совладување на наставата.

Линк до видео обраќањето: https://www.facebook.com/reel/1238169403541158

Share This Article