Муцунски очекува извинување од Бугарија „Не би сакал да се разочарам од соседот“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку другата страна пристапува во бона фиде, како што ние пристапуваме, тогаш природно е по ваква протоколарна грешка да се извини и може да каже дека беше грешка и дека не била целта каква било форма на навредување или меѓусебно понижување, вели шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во интервју за „360 степени“.

– Свесни бевме за тоа што се случи, јасно увидовме дека постои дискрепанца меѓу договорениот протокол и тоа што се случи во пракса, но одлучивме, поради специфичноста на моментот, таму да реагираме на таков начин како што се реагираше – истакна Муцунски по реакцијата за отсуството на македонското знаме при средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија.

На прашање што доколку Бугарија остане на објаснувањето дека не станува збор за ниту за официјална ниту за работна средба и дека поради тоа не се следел вообичаениот протокол, Муцунски вели дека во тој случај се навлегува во прашањето за билатералните односи.

Работниот ручек на кој присуствувал бил во пријателска атмосфера и на него се зборувало за повеќе теми меѓу кои за отворање на граничниот премин Клепало и Коридорот 8.

– Не би сакал да се разочарам од нашиот сосед и да видиме недостаток на реакција. Ние ќе продолжиме да бидеме позитивен чинител во нашиот регион, но ќе видиме по реакцијата за овој случај, каде имаше очигледен протоколарен пропуст од другата страна, која е намерата на актуелниот претседател и техничкиот кабинет – вели шефот на македонската дипломатија.

Share This Article