More

    Муцунски не исклучува ВМРО-ДПМНЕ да ја поддржи Беса

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ би можело да ја поддржи Беса во барањата за предвремени избори и во најавите за протести оваа пролет со кои би се укрупнил опозицискиот фронт, најави потпретседателот на партијата, Тимчо  Муцунски во денешното гостување во „Тема на денот“ на Сител.

    – Подржуваме окрупнување на опозицискиот фронт – дали е тоа Беса, дали е тоа друг политички субјект со кој што веруваме дека можеме понатаму да ја движиме Македонија во правилна насока врз основа на политики, а не на тесни интереси како што прави оваа влада на ДУИ, поддржана од СДСМ. Треба да преземеме сè што е возможно заеднички врз основа на принципи, зошто да не – вклучително и вакви мерки како протести, зошто тоа е во интерес на јавноста, рече градоначалникот на Аеродром вечерва.

    Изјавата на Муцунски доаѓа по денешните зборови на лидерот на Беса, Билал Касами кој ги услови уставните измени со предвремени избори и најави протести ако ова барање не наиде на слух кај власта.

    Муцунски во „Тема на денот“ рече дека ВМРО-ДПМНЕ под овие услови на прифаќа да се разговара за уставни измени и дека за такво нешто пратениците на неговата партија нема да се согласат.

    Потпретседателот на опозицијата и актуелен градоначалник на општина Аеродром зборуваше и за ситуациите во Град Скопје. Тој вели дека не функционира координативното тело ЗЕЛС и дека градот не покажува интерес за соработка со помалите општини.

    – Морам со огромна жал да констатирам дека телото кое што има обврска да ги координира општините кои што се интегрирани во рамките за законите, а тоа е координативно тело на градоначалниците во градот Скопје, кое што треба да го води градоначалникот на Градот Скопје, законски тоа има обврска да се состанува еднаш месечно. До сега во последните година дена се има состанато вкупно четири пати, а во последните шест, седум месеци воопшто не е ни свикана било каква средба. За жал, нема интерес за комуникација на Градот Скопје со општините, иако ние тука пред се работиме за граѓаните, така сме избрани. Да ги тргнеме на страна политичките несогласувања, ги имало и ќе ги има. Ние треба да работиме во интерес на граѓаните. Немањето на желба за комуникација, немањето на желба за кординација е примарно кај градот Скопје – истакна Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img