Муцунски на НАТО Работен појадок во пресрет на Самитот во Вашингтон

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес беше домаќин на НАТО работен појадок, на кој присуствуваа амбасадорите на земјите членки на НАТО, како и Украина, Јапонија и ЕУ.  Настанот се одржа во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон каде ќе биде одбележана 75 годишнината од формирањето на Алијансата.

Работниот појадок беше можност да се потврдат клучните приоритети на Алијансата, кои треба да одговорат на заедничките предизвици. Воедно, на него беше истакната важноста за заедничко демонстрирање единството и заедничките напори за зајакнување на капацитетите и можностите за колективната безбедност.

Министерот Муцунски ги презентираше ставовите на земјата во однос на стратешките одлуки што треба да се донесат на самитот. Заеднички беше потврдена заложбата за обезбедување на колективната одбрана и подготвеност за одговор на предизвиците кои доаѓаат од сите правци. Притоа беше нагласено постигнувањето повеќе од 2% од БПД на земјава за трошоци во одбраната.

“Благодарни сме што НАТО го препознава Западниот Балкан како Регион од стратешка важност за Алијансата. Цврсто веруваме дека продолжувањето на блиската координација и заедничките активности на НАТО и ЕУ во регионот е од суштинско значење, првенствено преку забрзување на процесите на европска и евроатлантска интеграција. Ова е од суштин