Македонија е вентил и виртуелна тема која бугарскиот премиер Кирил Петков ја уфрла за да го одвлече вниманието од парите, кои се вистинската тема во Бугарија, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.
Во гостување на ТВ 24 Мислуи изјави дека Петков е контрадикторен во ставовите, ако знаеме дека токму милијардите кои ѝ следуваат на Бугарија се закочени сѐ додека земјата не го надмине спорот со Македонија.
– Тоа се неколку милијарди кои ѝ следат на Бугарија и таа има забрана додека не се надмине спорот. Не е тоа толку наивно. Се надевам дека нема и другите да се закачат и да испаднеме како во приказната со Каракачанов, кому иако главна тема му беше Македонија не успеа да влезе во парламентот. Парите сепак им се побитна тема по кризата. Сѐ е поврзано и секогаш е најлесно виртуелна тема да се уфрла и тоа му е вентил – рече Муслиу.