Легендарниот португалски тренер, Жозе Мурињо, вчера беше почесен гостин на тенискиот мастерс-турнир во Рим на кој Новак Ѓоковиќ го победи Томас Ечевери со 7:6, 6:2.
Мурињо пред мечот побара автограм од Ѓоковиќ, двајцата ги симнаа капите и мошне срдечно се поздравија и се прегрнаа.