More

    Мурињо го запали Рим: Со еден потег фрли во транс 70.000 фанови

    spot_img

    По голема драма и продолженија, фудбалерите на Рома успеаја да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа и да останат во трката за освојување на европскиот трофеј втора година по ред.

    По победата шоу приреди и Жозе Мурињо.

    Тој стана од клупата и се прошета пред трибините повикувајќи ги навивачите на Рома уште посилно да навиваат. Околу 70.000 луѓе на стадионот станаа на нозе. Дефинитивно сцени кои само португалски стручњак може да ги направи.

    „Сега гледате зошто сум толку сив. Имам 150 натпревари во Европа и мислев дека сум го видел сето тоа. Сега сум во фаза од кариерата кога играчите ми се поважни од мене. Затоа Дибала процвета овде. Тој најде тренер кој го сака. Тој мисли дека може да игра за некои од најголемите клубови, но тука ги најде среќата и љубовта. А другите ги заслужуваат сите пофалби. Победивме импресивно во натпревар кој е тежок за играње и управување. Веќе во 21. минута Вајналдум се повреди, а јас го внесов Дибала, иако имаше прашање дали воопшто ќе може да игра поради повредата. И покрај се, ние импресивно победивме голем тим, кој најверојатно ќе биде холандски шампион“, изјави Португалецот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img