Му се обрати на Путин, па наиде на потсмев

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската актерка и модел Ана Лин Мекорд (34), најпозната по улогата на Наоми Кларк во серијата „9021 Беверли Хилс“, ја коментираше ситуацијата помеѓу Русија и Украина.

Ана Лин, која е позната и како хуманитарка, упати апел до Русија да ги прекине нападите, меѓутоа, нејзините зборови предизвикаа шок и потсмев, упатени до „нарцисоидната актерка“, како што ја нарекоа на интернет.

„Мил претседателе Владимир Путин, многу ми е жал што не бев ваша мајка“, вели актерката во видеото.

Таа додава дека животот на Путин би бил поинаков доколку таа била негова мајка.

 

 

„Да бев твоја мајка, светот да беше ладен, би умрела да те загреам… Ќе умрев за да ти дадам живот“, продолжила таа, а потоа зборувала дека жали што се родила „премногу доцна“ за да му биде мајка на рускиот лидер.

Актерката дала до знаење дека зборува метафорички и дека всушност мисли на „мајкат Русија“.

„Ова дефинитивно ќе го запре Путин. Толку си храбра Ана Лин Мекорд“, „Следниот пат само запеј ја „Imagine“. Полесно е од што и да беше ова“, се редат саркастичните коментари.

- Advertisement -
Ad image

„Ќе мора да ја засилиш играта на римата ако сакаш да ја запреш војната…. ова не е приспивна песна“, се надоврзале други коментатори на Твитер.

За потсетување, многу странски ѕвезди се огласија на социјалните мрежи и го осудија нападот на Русија врз Украина и апелираат војната што поскоро да запре.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Ad image
Share This Article