Му покажаа видео од татко му кое никогаш не го видел, тоа го скрши

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Кристијано Роналдо не можеше да ги задржи солзите во емотивното интервју во кое зборува за својот татко кој не доживеал да го види неговиот успех.

Фудбалскиот ас речиси никогаш не зборува за својот татко. Иако извесно време бил херој за него, подоцна станал алкохоличар кој ја малтретира мајка му. Неговиот татко бил општински работник, економ во фудбалски клуб, но по воениот рок утеха ја нашол само во алкохолот. Тој починал на 51-годишна возраст и доживеал да ја види славата и успехот на својот син кој стана еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Хозе Диниз Авеиро бил дури и градинар, а тој е одговорен што Кристијано се заљубил во фудбалот. Мајка му за малку ќе морала да го абортира Роналд поради сиромаштија, не биле сигурни дека ќе имаат средства да одгледаат уште едно дете кое го крстиле по Роналд Реган кој тогаш бил претседател на САД.

– Не го познавав татко ми добро. Тој беше алкохоличар. Никогаш не сум разговарал со него, никогаш не сме имале нормален разговор – изјави Роналдо.

Диниз Авеиро се борел во Мозамбик и Ангола и тој никогаш не ги заборавил хорор сцените што ги видел таму. Подоцна ја живеел судбината на воените ветерани кои биле напуштени и заборавени.

– Воените ветерани немаа ниту пари ниту работа. Се разбира, кога го гледам Роналдо, се сеќавам на неговиот татко. Тој беше во неволја и немаше што да јаде, па се сврте кон алкохолот. Пријателите му купуваа пијалоци. Немаше пари. Не се хранеше како што треба – изјави пријател на таткото на Роналдо.

Кристијано не дошол на погребот на својот татко затоа што тој ден имал натпревар и се заколнал дека никогаш нема да проба алкохол бидејќи татко му имал проблеми со тоа.

Татко му поради алкохолот практично никогаш не бил покрај семејството, па дури и мајката на Роналдо тврди дека не го познавала добро својот сопруг

Роналдо беше во посета на Пирс Морган кога му беше прикажано интервју со неговиот татко во 2004 година, кое никогаш претходно не го видел. Кога го гледа тоа, Роналдо не може да ги задржи солзите и емоциите.

- Advertisement -
Ad image

– Тажен сум. Најтешко е да бидеш број еден, а тој да не види ништо од тоа. Не виде како добивам награди. Моето семејство го виде сето тоа, мојата мајка, моите браќа, дури и мојот најстар син, но мојот татко не виде ништо – вели Роналдо.

Share This Article