МТСП: Отворен Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерството за труд и социјална политика известува дека официјално е воспоставена социјалната услуга – Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста за насилството. Отворањето на центарот е уште еден голем чекор кон заштита на жените жртви на семејно насилство.

Владата како потписник на Истанбулската конвенција и верен учесник во борбата против семејното насилство и насилството врз жените и девојчињата со отворање на Центарот за жени жртви на насилство ја обезбеди услугата за привремен престој. Преку оваа услуга Владата и Министерството за труд и социјална политика обезбедува сместување, заштита, психо-социјална помош и поддршка за жртвите кои доживеале насилство или злоупотреба, со цел надминување на состојбата, зајакнување на капацитетите и нивна социјална интеграција во општеството. Нужното сместување на жртвата во центарот може да трае три месеци со можност за продолжување од три месеци односно една година доколку се работи за исклучителен случај. За време на сместувањето на лицата им се нуди психо-социјална помош, поддршка и други активности.

Доколку жртвата има и деца кои се сместени во центарот и кои се вклучени во воспитно-образовниот процес, стручните работници се должни да обезбедат продолжување на редовното образование на децата, економско јакнење на жртвата и нејзино активно вклучување на пазарот на трудот.

Со воспоставување на Центарот во Полошкиот период Министерството за труд и социјална политика обезбеди услуги за жените жртви на семејно насилство во регион во кој досега не беше достапна.

Share This Article