More

    Можно олабавување на мерките, Владата е на потег

    spot_img

    На плоштадот во Куманово денеска продолжуваат активностите од караванот за промоција на вакцинацијата против ковид-19, во организација на Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

    Во меѓувреме, се чека Владата да одлучи за олабавување на мерките. На редовната седница во вторник се очекува да биде донесена и одлука во однос на препораката за неносење маски за учениците.

    – Секоја препорака од Комисијата е добредојдена. Ако тие имаат проценето дека маските за децата во основно не се потребни јас ја прифаќам таа препорака. Секој вторник има седница на Влада. Ако е донесена, ќе треба да се почитува. Ја немам моментално таа информација – изјави Шаќири.

    Инаку, од ресорното Министерство остануваат на ставот дека вакцинацијата е единствениот излез од пандемијата. Сепак, во Здравствениот дом во Липково се намалува интересот за вакцинација против ковид-19 и тоа за прва и втора доза, додека за трета доза, има интерес помеѓу повозрасните граѓани.

    Најголем процент на дневно вакцинирани лица во Липково се токму граѓаните над 60 години.

    – Вакцинацијата тече непречено, но во последно време, намален е интересот. Најмногу интерес има кај постарите лица. Прва доза примаат само оние граѓани кои планираат патување – изјави вчера координаторот на вакциналниот пункт, Хамид Фетау.

    Карванот на Министерството за здравство денеска е во Куманово, додека утре е во Липково, на паркинг во село Матејче.

    Инаку, вчера беа регистрирани нови 232 случаја на КОВИД-19, од направени 2.787 тестови. Починале тројца, а оздравен е 221 пациент, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

    Според Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, вчера дополнително беа пријавени уште три лица кои починале меѓу 14 и 23 март. Од нив, двајца се од Скопје и еден од Прилеп, на возраст од 74 години до 91 години. Двајца починале во домашни, а едно лице во болнички услови.

    Од новите случаи, во Скопје се 139, Битола 19, Кавадарци 14, Охрид 10, Прилеп 8, Кичево 5, Гостивар и Неготино по 4, Куманово, Тетово и Кочани по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран по 1.

    Вчера беа регистрирани 221 оздравен пациент.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img