More

    Можете да јадете и да пиете во отворениот дел на угостителските објекти, но за одење во тоалет мора да се стискате оти угостителите не смеат да ве пуштат во внатрешниот дел од објектот ако не им приложите доказ дека сте вакцинирани

    spot_img

    Можете да јадете и да пиете во отворениот дел на угостителските објекти, но за одење во тоалет мора да се стискате оти угостителите не смеат да ве пуштат во внатрешниот дел од објектот ако не им приложите доказ дека сте вакцинирани.

    Вака отприлика во моментов изгледаат работите во пракса, откако Комисијата за заразни болести во изминатиов период одлучи да направи чистка и да укине огромен дел од мерките за заштита од коронавирусот (го укина задолжителното носење маска на затворено, ги укина ковид-сертификатите за влез во моловите, го укина задожителното носење маска во училиштата, даде зелено светло за организирање екскурзии…), меѓутоа, случајно или не, ја остави активна мерката за задолжително приложување вакцинален сертификат во затворените делови на угостителските објекти.

    Првиот човек на Независната угостителска комора (НУК), Здравко Јосифовски, за Плусинфо вели дека угостителите ширум земјава се соочуваат со еден необичен проблем, односно се принудени да вршат контрола кој од гостите има право да го посети тоалетот.

    – Ние како Независна угостителска комора им укажавме на членовите на Комисијата за заразни болести дека не е логично да остане активна мерката за задолжително поседување ковид-сертификат во затворените делови на угостителските објекти, кога веќе се укинуваат за влез во многу други објекти, вклучително и трговските центри. Меѓутоа, очигледно е дека и новата, исто како и старата Комисијата за заразни болести нема слух за нашите барања, ниту, пак, Владата реагира на нашите укажувања дека актуелната мерка не кореспондира со реалната ситуација во однос на тоа што се случува во пракса. Моменталната ситуација налага дека мора да приложите ковид-сертификат доколку сакате да влезете во внатрешниот дел на угостителскиот објект, без разлика на причината. Тоа значи дека невакцинирани гости можат да пијат кафе во надворешниот дел, но не смеат да го посетат тоалетот кој се наоѓа во внатрешниот дел – објаснува Јосифовски.

    И епидемиологот д-р Александар Стојанов смета дека не постои логика во неукинувањето на задолжителното прикажување вакцинален сертификат при влез во внатрешниот дел на угостителските објекти, а како што вели, најверојатно е направено само за да не излезе дека сите мерки сме ги укинале.

    – Вакцинален сертификат не ви е потребен доколку седите во отворениот дел на ресторанот, кафулето или ресторанот. Но, сега времето се затоплува и сите угостители ќе почнат да ги отвораат терасите, така што нема да биде многу важно дали гостите се вакцинирани или не се вакцинирани. Не би можел да дадам одговор на прашањето која е причината поради којашто Комисијата за заразни болести одлучила да не ја укине мерката за задолжително поседување ковид-сертификати во угостителските објекти. Јас не гледам никаква логика, оти короната се шири секаде каде што има контакт со луѓе. Значи, со ковид-19 можете да се заразите и надвор, иако ризикот е многу помал отколку внатре. Но, каде најчесто се наоѓа тоалетот во угостителстките објекти? Секако дека внатре. Па така, ако вие седите во надворешниот дел од ресторанот, па во еден момент се упатите во внатрешниот тоалет, постои опасност да се заразите со корона доколку тој што бил пред вас во тоалетот бил позитивен на вирусот. Аеросолите летаат во воздухот и нема апсолутна заштита. Ваквата мерка е слична како таа со цигарите – овде се пуши, а овде не се пуши. Но, мора нешто да се каже и да не испадне дека сите мерки сме ги укинале. Инаку, не постои никакво оправдување – објаснува д-р Стојанов за Плусинфо.

    Сали: Короната не е умрена!

    Министерот за здравство Беким Сали денеска изјави дека сѐ уште не може да каже оти е крај на корона пандемијата.

    Тој посочи дека не знае која од мерките за заштита од ковид-19 ќе биде олабавена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести.

    – За жал, сѐ уште не може да ја прогласиме короната за умрена. Не знам Комисијата што ќе одлучи денеска, заседава во моментов, се надевам ќе има мерки по однос на резултати кои ги добиваме од Институтот за јавно здравје. Искрено не знам која мерка ќе биде денеска олабавена, но посакувам што побрзо да закрепнеме сите па да може да функционираме нормално – изјави Сали.

    Министерот посочи дека не може временски да се прецизира кога ќе се тргнат сите рестрикции.

    – Временски не можеме да прецизираме, но ние работиме, секојдневно ги добиваме информациите и ја третиратме таа тема. Постојано нешто олабавуваме, со тоа што во меѓувреме анализираме дали сме постапиле правилно – рече Сали.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img