More

    Можете да го излижете капакот од шолјата со јогурт без грижа

    spot_img

    Некои метали се здрави за организмот во мали количини. Железото, на пример, треба редовно да се внесува, но треба да се избегнуваат други метали. Токму затоа некои луѓе веруваат дека е штетно да се лиже капакот од шолја со јогурт. Значи, дали е тоа вистина?

    Накратко, не. Ако го лижете капакот, не значи дека ќе консумирате и алуминиум. Подобро внимавајте на јазикот бидејќи можете да се исечете на острите рабови на металот.

    Според Германскиот федерален институт за проценка на ризик, алуминиумот претставува најголем ризик кога кородира во контакт со киселини или сол.

    Лимонска киселина или обична сол, на пример, може да се најде во јогуртот.

    „Токму затоа пакувањата се обложени однатре“, објаснуваат од институтот.

    Овој заштитен слој спречува алуминиумот да влезе во јогуртот, што значи дека можете да го излижете капакот без никакви последици по здравјето.

    Но, алумниумот може да биде ризичен по други основи.

    Тој е најчестиот метал во Земјината кора и може да се најде во многу работи. Не треба да внесувате повеќе од еден милиграм алуминиум на килограм телесна тежина дневно. Ако јадете нормално, нема да ја надминете таа граница.

    Но, бидете внимателни кога користите алуминиумска фолија или алуминиумски контејнери за еднократна употреба.

    Ако кисела или солена храна дојде во контакт со нив, голема количина алуминиум може да се пренесе во храната.

    Затоа не треба да ставате ништо што содржи киселини или соли во алуминиумска фолија, како што се исечени јаболка, домати и сирење, како и маринирано месо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img