МОЖЕМЕ ЛИ ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕМЕ КОМПАНИИТЕ КОИ СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УКРАИНА?

Lorita
By Lorita 7 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку институциите во државата задолжени за привлекување странски инвестиции во изминатиот период имале редовни контакти со компаниите кои моментално поради војната во Украина го запреа производството во фабриките или се повлекоа, многу полесно би можело да се реализира предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, тие да се повикаат да го префрлат производството во земјава, велат познавачи на состојбите. Но, додаваат тие, тоа зависи од интересот на компаниите, должината на процесот на приспособување и од желбата на владата такво нешто да се реализира.

Институциите засега молчат за овој предлог на опозициската партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, деновиве критикувајќи ја власта дека не работи ништо на ова поле, ги повика градоначалниците од неговите редови да ги повикаат сите странски компании кои мигрираат од кризните региони Украина и Русија да дојдат овде во земјава и да инвестираат.

– Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат заедно со администрацијата сето она коешто е во нивна надлежност, а очекуваме и да ја испровоцираат конечно оваа неспособна и криминална власт на реакција, па и тие да се загрижат за иднината на македонскиот граѓанин, на македонската економија. Да ги поканиме тие странски инвеститори коишто мигрираат од Украина и од Русија, да дојдат овде во Македонија да инвестираат, да вработат македонски граѓани за добри примања, да отворат нови работни места и колку-толку да ја ублажиме и онака тешката ситуација во која се наоѓа македонската економија поради овие настани на коишто, за жал, ние геостратешки не можеме премногу да влијаеме – рече Мицкоски.

Од она што го направиле како мапирање заедно со економскиот тим во партијата, увиделе дека веќе има инвеститори коишто се присутни во Македонија и мапирале такви пет компании ОДВ, „Гентерм“, „Кромберг и Шуберт“, „Аптив“.

Владата и институциите кои се задолжени за странските инвестиции, засега молчат. Плусинфо ги праша, но не доби одговор од Агенцијата за странски инвестиции и Дирекцијата за технолошко-индустриските зони дали имаат редовни контакти со брендовите кои се повлекуваат од Украина и од Русија и дали се размислува дел од нив да се повикаат да инвестираат во земјава или да ги искористат нивните фабрики за производство на компоненти кои се произведуваа во Украина.

Експертите се согласни дека секоја идеја за привлекување странски инвестиции треба да се поддржи зашто од тоа корист ќе има домашната економија.

– Секоја идеја за поголема стимулација на привлекување странски инвеститори е за поздравување, било да е тоа од власта или од одредена партија. Од тоа корист ќе имаат економијата и компаниите, но и државата. Но, лично не верувам дека една ваква идеја ќе може да се оствари – вели професорот Зоран Ивановски.

Според него, негативните ефекти врз економиите од конфликтот во Украина нема брзо да се санираат, па може да се размислува и за ваков предлог.

- Advertisement -
Ad image

– Познато е дека пазарите можат брзо да закрепнат по одредена дисторзија во период од 1 до 6 месеци, но во сегашните услови станува збор за криза предизвикана од војна која ќе потрае. Тоа ќе создаде поголеми проблеми на нашата и на светската економија. И мислам дека економиите ќе мора да прифатат дека стратешки производи: нафта, гас, електрична енергија, па и голем број други производи, значајни за економијата кои се поврзани со руското производство, ќе мора да ги плаќаат по многу повисоки цени – вели тој.

Познавачите на процесот на привлекување странски инвестиции, велат дека процесот е долготраен и тешко дека многу брзо можат да се привлечат компаниите кои се повлекуваат од рускиот и од украинскиот пазар да инвестираат во земјава. Но, можат да се искористат постоечките фабрики во земјава, главно од автомобилската индустрија која моментлано е најзагрозена, да помогнат дел од производството, доколку е брзо изводливо, да се префрли во нивните погони.

Според нив, доколку станува збор за трудоинтензивни компании многу полесно ќе можат да го префрлат производството во погон или фабрика во земјите каде што такви веќе функционираат, но многу потешко тоа може да се реализира доколку процесот на производство е високотехнолошки каде што треба да се реализираат дополнителни инвестиции.

- Advertisement -
Ad image

– Но тоа зависи од интересот на компаниите и процената колку процесот на приспособување на производството би траел. А зависи и од досегашните контакти на нашите институции со компаниите инвеститори и нивните фабрики во земјава. Колку тие контакти се одржуваат активно и колкава е довербата на странските инвеститори во деловната клима во земјава – велат тие.

За очекување е, додаваат познавачите, фабриките странски инвестиции во земјава, веќе да понудиле опција за производство на дел од палетата производи на брендовите, под услов да имаат простор и подготвеност тоа да го реализираат.

Најмалку 6 компании во земјава странски инвестиции произведуваат компоненти за автомобили за поголемиот дел од компаниите кои најавија запирање на производството во Украина и повлекување од Русија.

Ситуацијата во Украина особено ги погоди производителите кои таму имаат фабрики. Веќе се чувствуваат проблеми со снабдувањето, а 22 производители на автомобили инвестирале во 38 украински фабрики кои произведуваат различни делови за автомобилската индустрија – кабли, електроника, седишта и слично.

Првите ефекти веќе ги чувствуваат компаниите во Европа. „Фолксваген“ најави привремена суспензија на неколку дена на својата фабрика за модерни електрични автомобили во Цвикау, Германија, која склопува модели на Volkswagen, Audi и Cupra на една платформа. Друг бренд од групацијата „Порше“ ја запре фабриката во Лајпциг.

Германскиот добавувач на компоненти за автомобилската индустрија „Leoni“ затвори две фабрики во Украина. Компанијата момнално ги снабдува своите клиенти со компоненти што се произведуваат во фабриките во Мароко, Тунис, Србија и во Романија.

Голем број од автомобилските брендови се повлекоа од Русија. „Мерцедес“ и БМВ, потоа „Фолксваген“, „Рено“ „Форд“ и други брендови најавија дека се повлекуваат од Русија.

„Рено“ има најголема присутност бидејќи е доминантен сопственик на AvtoVAZ, производителот на брендот „лада“, бренд кој е најпродаван во Русија.

Share This Article