Може ли одлуката на судијата да го смени пребарувањето на интернет?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американски судија пресуди дека Гугл ги прекршил антимонополските закони трошејќи милијарди долари за да создаде нелегален монопол и да стане стандарден пребарувач во светот, што е првата голема федерална победа против доминацијата на технолошките гиганти на пазарот.

„Оваа победа против Гугл е историска победа за американскиот народ“, се вели во соопштението на американскиот обвинител Мерик Гарланд.

Гугл го прекрши законот со монополизирање на пребарувањето на Интернет и поврзаното рекламирање, пресуди окружниот судија синоќа, што е прва победа за федералните власти кои поднесоа неколку тужби оспорувајќи ја доминацијата на технолошкиот гигант на пазарот.

Американското Министерство за правда го тужеше Гугл затоа што контролира околу 90% од пазарот за онлајн пребарување. Во пресудата, судијата рече дека Гугл платил милијарди за да се осигура дека е стандарден пребарувач на паметни телефони и пребарувања.

„Гугл е монопол и се однесуваше како монопол за да го задржи својот монопол“, рече окружниот судија Амит Мехта во пресудата.

Иако е речиси сигурно дека Гугл ќе поднесе жалба на одлуката и дека спорот ќе стигне до Врховниот суд на САД, американски медиуми оценуваат дека одлуката е од сеизмичка природа и дека може да го промени интернетот каков што го знаеме и да попречи една од најпознатите компании во светот.

Share This Article