More

    Можат ли протестите да предизвикаат драматични политички промени?

    spot_img

    Како одговор на владините планови да се намалат земјоделските субвенции, германските фармери во понеделникот на 8 јануари ги блокираа патиштата и градовите низ целата земја. Тие најавија една недела протести, што ќе кулминираат со голем протест во Берлин на 15 јануари, пренесува германската агенција ДПА.

    Хаосот во сообраќајот е неизбежен, бидејќи работниците во железницата, возачите на камиони и рестораните ќе се приклучат кон штрајкот в среда.

    Вистинските плати во Германија паѓаат уште од 2020 година, поради голем скок на цените на греењето, храната и на домувањето. Според податоците од германската федерална статистичка канцеларија, реалните плати се зголемиле во просек за 0,6 проценти минатата година.

    Земјоделците штрајкуваа иако владата на Шолц претходно исполни дел од нивните барања, па се уште се ослободени од плаќање данок на возила, а даночниот кредит за земјоделскиот дизел треба целосно да се укине дури во 2026 година.  Демонстрантите, сепак, бараат владата да ги укине сите заштеди што ги планирала на нивна штета.

    Симболиката што германските фармери ја избраа да го изразат своето незадоволство од владата во првите денови од новата година беше исто толку недвосмислена колку што беше и застрашувачка: импровизирани бесилки беа забележани покрај селските патишта низ земјата, кои висат на семафорите, повикувајќи се на боите на три владејачки партии.

    Во источногерманските покраини оваа година претстојат важни избори, а дури и некои конзервативци го губат тлото под нозете и стравуваат дека новиот револуционерен дух може да биде ветер во грбот на енергичната екстремна десница.

    Најавениот осумдневен протест на земјоделците ширум Германија, кој вклучува блокади на автопати и беше опишан од страна на шефот на синдикатот на земјоделците како „нешто што земјата никогаш досега не го доживеала“, ја фрла земјата во очај. Во меѓувреме, владата соопшти дека не размислува за промени во нејзините планови за постепено укинување на земјоделските субвенции, и покрај протестите на земјоделците.

    Камионџиите велат дека ќе се приклучат на протестите на фармерите, за да го изразат своето незадоволство од зголемувањето на патарините за тешки товарни возила, што стапија на сила на почетокот на декември. Блокадите ќе почнат во регионалните центри и ќе кулминираат со собир на камиони во главниот град Берлин на 18 и на 19 јануари.

    И железничките работници, обединети во германскиот синдикат на машиновозачите, ја објавија својата намера да продолжат со националните штрајкови за платите и за работното време во текот на Божиќ, од понеделник по примирјето.

    Протестите на разните сектори засега не се се координирани и се фокусирани на различни барања. Но, нивното истовремено одржување ѝ даде на крајната десница совршена можност да ги поттикнат популистичките фантазии за пуч во Германија.

    На своите канали на социјалните мрежи, екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД) наслика слика на обични луѓе кои се „водени во пропаст како во средниот век од неодговорно политичко раководство“ и ги повика граѓаните да се приклучат на она што го нарече „генерален штрајк“.

    На каналите за пораки Телеграм, некои демонстранти споделија слики од запалениот Рајхстаг, опкружен со трактори, илустрации направени од вештачка интелигенција, со зборовите: „Дојдете во Берлин и избркајте ги семафорите! Германија станува сина“. А сини се боите на АФД.

    Германското здружение на фармери се обиде да се огради од „насилните фантазии за државен удар“.

    Зголемениот бирократски товар и зголемените трошоци во последните 10 години создадоа огромна фрустрација што сега се празни на улиците. Дополнително, АФД укажува на бесцаринскиот увоз на жито од Украина и им кажува на земјоделците дека владата се обидува да го спаси светот, но не се грижи за Германија.

    Посматрачите велат дека идеите за пуч нема да успеат, но енергијата на екстремната десница не смее да се потцени.

    Во меѓувреме, обичните луѓе се во очај, бидејќи не можат да се движат по патиштата, да стасаат на своите работни места. Сите се прашуваат – дали во средината на јануари земјата, едноставно, ќе запре?

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img