Мостот „Беласица“ кој се наоѓа во близина на Трговскиот центар „Ист Гејт“ кој води кон Железничката станица во Скопје денеска е затворен за сообраќај, откако синоќа беше зафатен со пожар.
Полицијата ги пренасочува возилата.
Пожарот е локализиран, но нема информации за причината за пожарот и што горело.
Уште синоќа на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки од пожарот.